За Манастирскиот комплекс
Манастирски комплекс
Св. Троица - Пресвета Богородица
Скачковце, Куманово
На ридот над кумановско Скачковце се наоѓа манастирскиот комплекс „Света Троица“.
Ова свето место, е вистинска атракција за кумановци но и за сите граѓаните од Македонија.
Манастирскиот комплекс се наоѓа на ридот над селото и се состои од:
Оградениот комплекс зафаќа простор од 20 хектари и е урбено уреден со стази, места за седење, фонтана, мала зоолошка и игралиште за деца. За оваа оаза која се одржува со многу труд, но и со многу љубов, се грижи ктиторот на манастирот, прота Стојан Пајковски, Марина Поп Стојанова и Ѓорѓи Ѓорѓиевски.
Местото е познато како крстно место во селото Скачковце.
Светилиштето постои од 13 век и за него се запишани многу чудесија уште во турските тефтери.
Манастирскиот комплекс „Света Троица“ во кумановско Скачковце прерасна во вистинско светилиште а од неодамна се закити и со награда за најдобро уреден еколошки центар во Европа.
Не пропуштајте да го посетите ова прекрасно свето место и поминете пријатни моменти во "рајот на земјата"!
Пресвета Мајко на Севишниот Господ, ти заштитнице на која со вера ти пристапуваме, те молам, погледни на мене од височините на Твојата небесна слава, те молам послушај ја мојата молитва и пренеси му ја на твојот Син. Ти Богородице, послушај ме мене сега кога сум тажен.
Ти ме смируваш, ги бришиш моите солзи, ја смируваш мојата тага и мојата болка. Тебе ти ја давам мојата надеж, те молам, засили ја мојата верба во Господ наш Исус Христос. Вметни ме во неговите прегратки и научи ме да сакам и да Ве прославувам. Се засолнувам под Твојот свет покров, Пречиста Богородице, закрилувај ме.
Амин.
О, Преблагословена Богородице, Ти си Скоропослушница на сите, и Радост на нажалените, послушај ме и мене нажалениот. Ти ги смируваш тагите, смири ги и моите жалови и излекувај ги моите душевни и телесни болести. На Тебе, по Бога, ја полагам сета моја надеж, биди ми Закрилница и силна Застапница пред Твојот Син, Господ наш Исус Христос.
Засили ја мојата вера во Него. Утврди ме во Неговата љубов и научи ме да Те сакам и да Те прославувам, Пречиста Мајко Божја, Богородице Марие. Се засолнувам под Твојот свет покров, Пречиста Богородице, закрилувај ме.
Амин.
Дизајнот на хортикултурното уредување и на конаците е обврска и радост на Марина Поп Стојанова.
Марина, Викторија и Христина се ктитори на манастирот Света Богородица и параклистот посветен на Света Богородица.
Во слоп на параклистот постои света вода која е лек за пресија, депресија и секави негативни енергии.
Св. Троица - Пресвета Богородица (видео)
Галерија
Контакт