За нас
GONI LINUKS постои од 2000 година која започнува со работа како фамилијарен бизнис.
Низ годините прерасна во сериозна компанија која се гордее со својот викоквалификуван тим од експерти и врвно обучени работници, специјализирани за соодветна работна позиција.
МЕТАЛНИ КОНСТРУКЦИИ
Главната дејност на компанијата е производство и изведба на метални и челични конструкции за објекти по европски стандарди, со поседување на сите потребни лиценци за извршување на најсложените проекти.
Компанијата има вработено стручен кадар од машински инженери, градежни инженери и дипломирани архитекти. Производниот процес го вршат висококвалификувани работници кои се хиерархиски распоредени во линиите на производство а посебно обучени тимови за монтажа, ги вршат теренските работи.
Компанијата е организирана во четири одделенија:
ГРАДБА НА ОБЈЕКТИ
GONI LINUKS врши и изградба на објекти - тврда градба, во сите фази: од ископ и поставување на темели до поставување кров со сите внатрешни завршни работи.
РЕНОВИРАЊЕ НА ОБЈЕКТИ
Вршиме и целосно реновирање на објекти - внатрешно и надворешно реновирање по систем клуч на рака!
ГОНИ ЛИНУКС има богато портфолио во изведба на големи проекти, но особено сме горди при изведбата на објектите како:
“Sarajevo Steakhouse” и “Retail point”.
GONI LINUKS врши изведба - градба на станбени и деловни објекти како и згради и индустриски објекти.
Нашите стручни екипи заедно со инженерскиот надзор ги извршуваат сите изведбени работи брзо и стручно во најкус можен рок.
Тајната е во нашата организираност и професионален пристап кон секој проект.
GONI LINUKS врши реновирање на вашите домови, куќи, викендици, деловен простор.
Сите етапи од рушење, зидање, малтерисување, изведба на струја, водовод, изолација и завршни работи заедно со изведба на кров и кровна конструкција (комплетни лимарски работи), ги извршуваме брзо, точно и квалитетно на задоволство на секој клиент.
Имаме екипи на професионални мајстори за сите фази во градбата - од темел до кров.
GONI LINUKS е специјализиран за изведба на метални и челични конструкции за објекти, хали, магацини, станбени објекти.
Нашето богато портфолио вклучува досегашни изведби на најсложени објекти од метална конструкција со сите завршни фази (кровопокривање, прекрадни и надворешни зидови...).
Ги поседуваме сите EU сертификати потребни за изведба на најсложени проекти. Поседуваме стручен кадар и обучени работници кои професионално ги извршуваат сите зададени задачи при изведба на проектните позиции.
Горди сме на успешно завршените објекти во земјава и странство.
GONI LINUKS врши проектирање на објекти според Вашите желби и потреби: куќи, индустриски хали, деловни објекти.
Нашиот стручен тим од докажани инжинери и архитекти ќе го проектираат Вашиот објект стручно и професионално, запазувајќи ги сите стандарди за градба.
Дизајнирањето на објектите секогаш се наш приоритет - модерни, функционални објекти кои ќе функционираат и ќе се користат низ сите години на нивното користење.
Статиката на објектот ја дизајнираат врвни професионалци користејќи најсовремени програми за симулации и оптимизации на конструкциите на објектот.
GONI LINUKS: АРХИТЕКТУРА, ДИЗАЈН, СТАТИКА - КОМПЛЕТЕН ПРОЕКТ!
МОНТАЖА НА СЕНДВИЧ ПАНЕЛИ
Кровните, ѕидните и фасадните сендвич панели, освен тоа што влијаат врз краткотрајноста на изградбата на објектот даваат и долгорочна термоизолациска заштита, отпорност на кондензацијата како и повеќекратно намалување на трошоците. Нашата компанија користи висока технологија за нивна монтажа и обучен тим.
КРОВНИ И ЅИДНИ ПАНЕЛИ ЗА ЕКО СРЕДИНА
Еколошки тестирани и одобрени. Овој систем на градба придонесува за глобална заштеда на енергија.
МОНТАЖА НА ОЛУЦИ И ЛИМАРСКИ РАБОТИ
Олуците се многу важен елемент при завршувањето на одредена градба. Гони Линукс изработува и монтира олуци од квалитетен европски лим.
VIDEO
Галерија
ЗАВРШЕНИ ОБЈЕКТИ
Контакт
© . Сите права се задржани.
Изработено од Mode.mk