НАШИ ПРОИЗВОДИ
РАСАДНИК ЛЕВИДИЈА целосно е подготвена со најквалитетен и најголем избор на садници од сите видови.
Гарден центар Левидиа располага со тропски и цитрусни овошки како:
Јаткасти садници се растенија кои се карактеризираат со плодови што имаат тврда обвивка и едно семе во нив.
Овие растенија спаѓаат во групата на дрвја и грмушки кои произведуваат плодови како што се:
Во оваа група спаѓаат различни видови кои растат во умерени климатски услови и имаат големо економско значење.
Левидиа располага со тим за изработка на проект за наводнување и уредување на дворови и овоштарници со детални пресметки.
Вршиме садење на декоративни садници и нивно одржување и замена на стари тревници.
Поставуваме рачен и автоматски систем за наводнување.
УСЛУГИ
Тимот на Левидиа располага со сите потребни машини за обработка и корекција на вашите зелени површини, подкастрување и окројување на растенијата како и резидба на овошките. Располагаме со автоматски атомизери со кои што брзо и ефикасно можеме да делуваме и да спречиме ширење на болестите.
Заштитата на вашите растенија, тревник и овошки се врши со професионални препарати. Доколку сакате да направите само прихрана на растенијата со органски препарати истото може да го направиме и фолијарно (преку лист) или преку коренов систем.
Контакт
За нас
LEVIDIA
Расадник - Garden Centar
РАСАДНИК ЗА ОВОШНИ САДНИЦИ И МАТИЧЊАЦИ / ГАРДЕН ЦЕНТАР ЛЕВИДИА се наоѓа во Визбегово, на Качанички пат (патот за Косово) на површина од 5.000м2.
Изобилува со секаков вид на саден материјал: овошни садници, декоративни растенија за надворешно уредување, егзотични и тропски растенија, сезонско цвеќе, семиња и друг посадочен материјал.
Исто така ја збогативме програмата со органски и неоргански ѓубрива и препарати за заштита на растенијата.
Неуморно работиме на промовирање и унапредување на нашата околина.
Произведуваме саден материјал на ин-витро подлоги кои се сертифицирани и воведуваме нови сорти кои што се барани на европските пазари.
Настојуваме да го доближиме нашето овоштарство до стандардите на ЕУ.
Учествуваме во изработка на програми за ИПАРД и други апликации кои што го поддржуваат финансиски нашето земјоделие.
Имаме тим од инженери од областа на агрономијата и шумарството и делуваме во неколку области:
ПРОДАЖБА НА САДНИЦИ
ХОРТИКУЛТУРА - ПРОДАЖБА И УРЕДУВАЊЕ
Поседуваме сопствена механизација и стручен тим кој професионално врши уредување и одржување на вашиот двор, паркови, површини окoлу станбени објекти.
Садниците може да ги доставуваме и со карго до Вашата врата.
Доволно е да нарачате или да ни пишете на Viber, WhatsAp, или да ни се јавите на 076/369 108 и веднаш да се договориме.
РАБОТНО ВРЕМЕ: пон - пет.: од 08 - 16.30 часот. / сабота: од 08 - 16 часот
Ве очекуваме!