Се работи за проект кој што е веќе реализиран во Општина Кавадарци кој што носи голем бенефит и дава дополнителен урбан лик на централното градско подрачје. Почетоците на компанијата се врзани со изведба на помали проекти во делот на челични контрукции и покривање со пластифициран лим од типот на реконструкција на кровни површини на стамбени објекти, помали производвени погони и магацини и сл. Денес компанијата располага со модерна опрема за изработка на челични конструкции, сопствена подизна техника за монтажа, современа опрема за заварување и стручен кадар, сопствена опрема за профилирање на пластифицирани и поцинковани лимови, машини за сечење и виткање на лимови.