MK
072/270 102
Glavna slika

 

За нас

 

 

Основната дејност на компанијата е преработка, изработка и монтажа на секаков вид на челични конструкции, профилирање и монтажа на секаков вид пластифициран и поцинкуван лим заедно со опшивни елементи, трговија и монтажа на изолациони панели. Од 2019-та година компанијата има развиено сопствен проект од идеа до реализација на подземни контејнери за подземно складирање и селектирање на комунален отпад, за кој што проект поседуваме сертификат за фабричка контрола на производство за заварување и спојување на челични конструкции издаден од Европска сертификациона куќа. 

Се работи за проект кој што е веќе реализиран во Општина Кавадарци кој што носи голем бенефит и дава дополнителен урбан лик на централното градско подрачје. Почетоците на компанијата се врзани со изведба на помали проекти во делот на челични контрукции и покривање со пластифициран лим од типот на реконструкција на кровни површини на стамбени објекти, помали производвени погони и магацини и сл. Денес компанијата располага со модерна опрема за изработка на челични конструкции, сопствена подизна техника за монтажа, современа опрема за заварување и стручен кадар, сопствена опрема за профилирање на пластифицирани и поцинковани лимови, машини за сечење и виткање на лимови.

 

 

Контакт

ЈАВИ СЕ ТУКА!tel:072/270 102 9
ул. Индустриска бр.23
1430
072/270 102
ЈАВИ СЕ ТУКА!
ЈАВИ СЕ ТУКА!
ОДВЕДИ МЕ ТАМУ

 

Галерија

154713.jpg
+

 



© . Сите права се задржани.
Изработено од Mode.mk

Copyright Mode.mk. All Rights Reserved.